Букурешт е културна, идустриска и финансиска престолнина на Романија. Воедно е и најголемиот град во Романија, сместен на југоистокот на земјата, на 44°25’57’’ северно и на 26°06’14’’ источно, и лежи на бреговите на реката Дамбовица. Првпат беше документиран во 1459. Од тогаш, тој пројде низ многу промени, и во 1862година стана главниот град на Романија. Полека но сигурно, тој ја зацврстуваше својата позиција како романскиот центар на културата уметностите и медиумите. Неговата еклектична архитектура е мешавина од неокласицизам, меѓувоена, комунистичка и модерна. Во периодот помеѓу двете Светски војни, елегантната архитектура на градот и софистицираноста на елитата му го донесе прекарот, малиот Париз на Истокот”. Иако многу зданија и региони во историскиот центар беа уништени во војната, заедно со бројните земјотреси и програмата на Николае Чаушеску за систематизација, многу од нив и преживеаа. Во последниве години градот доживува економски и културен бум.
Според проценките од 1ви јануари 2009, Букурешт има население од 1,944,367 жители. Населеното подрачје се протега и надвор од границите на Букурешт, и заедно имаат население од 2 милиони жители.